Кој е новиот уредник на „Вог“?

11 април 2017

Модниот свет деновиве интензивно зборува за новиот уредник на британското издание на „Вог“, Едвард Енинфул. Тој доаѓа на местото на Александра Шулман, која 25 години го уредуваше престижното модно списание.

Одговорните лица од Conde Nast велат дека се сосема сигурни во својот избор.

„Сметаме дека тој е повеќе од подготвен да преземе одговорна позиција како што е местото на уредник на британски „Вог“. Се работи за мошне влијателна личност, како во модните кругови, така и во Холивуд, во музичките кругови“.

Со 19 години почнува да работи за i-D магазинот, каде помина речиси две децении.  Неговото портфолио го сочинува и работата за американското и италијанско издание на „Вог“.

Последните години беше уредник на W magazine. Сите овие места му овозможија работа со бројни познати личности од модниот свет и светскиот шоу-бизнис. Затоа, и не изнандуваат и соработките за рекламните кампањи на „Диор“, „Долче и Габана“, „Малбери“, „Армани“, „Валентино“ и други...

Оние што го познаваат ќе кажат дека храброста, визијата и талентот се на негова страна, како и манирите на џентлмен и пристојноста.

„Отсекогаш сум сакал со своето однесување да покажам дека и во оваа индустрија можеш да се однесуваш пристојно и да останеш тоа што си“, изјави во една пригода.

Енинфул ќе ја преземе уредничката функција од јуни месец, а дотогаш еве дел од неговата досегашна работа:

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
332 пати