Кој е новото момче на Моника Белучи?

6 март 2019

На ревијата на Шанел за време на модната недела во Париз, Моника Белучи (54) се појави во друштво на својот нов партнер, по што медиумите не престануваат да зборуваат за тоа. 

Се работи за 18 години помладиот Николас Лефебвре, француски уметник - скулптор, но и поранешен модел.

Иако актерката уште во 2017 години им откри на медиумите дека има нов „маж во нејзиниот живот“, јавноста досега не знаеше за кого се работи. Токму затоа и интересот на медиумите е сега уште поголем. 

Двојката ја напушти ревијата на „Шанел“ држејќи се за раце, а ова е првпат по разводот од актерот Винсет Касел да се појави во маж во јавност. 

Во едно интервју за „Paris Match“, Моника изјави дека тој многу добро ја разбира нејзината професија.

„Веќе извесно време сум со еден маж и за сега работите изгледаат во ред. Неговиот ритам на живеење му дозволува да го разбере мојот. Не би била способна за класична, структуирана врска“ изјави актерката тогаш.

Инаку, 36-годишниот уметник живее во Париз, а има и осумгодишна ќерка.

Моника на ревијата носеше сив капут од твид во комбинација со широки панталони, додека нејзиниот партнер носеше широко одело на риги, во црно-сива нијанса, во комбинација со бела кошула и кафени мокасини.

 

Објавено:
6 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
684 пати
Извор: 
daily mail