Кој го замени сопственикот на Зара на позицијата: најбогат во модниот свет?

12 април 2018

Сопственикот на групацијата Inditex на која ѝ припаѓа и шпанскиот гигант Зара, Амансио Ортега, повеќе не е најбогатиот човек во модната индустрија.

Неделава неговата челна позиција во модниот свет, ја завзема сопственикот на групацијата LVMH, Бернард Арнаулт чие богатство е проценето на сума од 70,7 милијарди долари.

Бернард Арнаулт  

Ортега во изминатата година претрпел одредени загуби поради зголемената конкуренција на пазарот, а од друга страна Арнаулт пријавил рекордна заработка на неговата групација во 2017 година, во износ од 46,2 милијарди долари.

Амансио Ортега

Под групацијата LVMH се обединуваат дел од најпознатите луксузни модни куќи меѓу кои и: Селин, Диор, Луј Витон, но и козметички брендови како Fenty на Ријана кој доминираше во онлајн продажбата кога е во прашање декоративната козметика.

Исто така оваа групација ја зголеми и својата онлај продажба со лансирањето на интернет шопинг страницата 24 Sevres каде се изложени ексклузивните колекции на брендовите под нејзината капа.

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
778 пати