Кој ќе го замени Александар Ванг во Баленсијага?

5 октомври 2015

Сѐ заврши со селфи! Неодамна се одржа последната модна ревија на Александар Ванг за Баленсијага, откако пред одреден период тој го најави неговото заминување од модната куќа.

Њујорк Тајмс пишува за тројца можни кандидати кои би можеле да дојдат на негово место во светски познатиот бренд.

Според весникот, најголеми се шансите за јапонската дизајнерка Читоси Абе која моментално се наоѓа на чело на брендот Sacai, а претходно цели осум години работеше за Comme des Garçons.

Друга можна варијанта како наследник на Ванг е актуелниот креативен директор на Пако Рабан, Џулиен Досен, кој веќе има работено под раководство на Николас Гескер од Баленсијага.

Њујорк Тајмс ја споменуваат и Бухра Јарар, кој всушност е една од основачите на Баленсијага заедно со Николас Гескиер со кого работеше цели 10 години.

Засега сѐ уште нема подетални информации од модната куќа за тоа кој би можел да го замени Ванг, ниту пак било какви информации што ќе се случува понатаму со брендот.

Засега, останува да чекаме и да видиме!

Објавено:
5 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
408 пати