Кој ќе го замени Карл Лагерфелд во Шанел?

21 февруари 2019

Шанел и официјално објави дека Вирџини Вард ќе го замени Карл Лагерфелд како креативен директор на француската модна куќа.

Како негова блиска пријателка, Вирџини беше дел од Шанел повеќе од три децении, а многумина за неа ќе кажат дека му била „десна рака“ и штитеничка.

el_universal.jpg

Таа се појави заедно со него на крајот на ревијата на пролетната колекција и го замени кога тој се чувствувал уморно на шоуто за висока мода во јануари.

Вирџини дошла во компанијата четири години откако Лагерфелд бил назначен за креативен директор и почнала како практикант за подоцна да биде преместена на повисока позиција и да стане блиска пријателка со дизајнерот.

fashionista.jpg

Она што е интересно е тоа што таа работела со Лагерфелд и во годините кога тој бил во Клое, па најверојатно воодушевен од нејзината работа, тој веднаш ја земал со него во Шанел откако бил назначен за креативен директор.

„Вирџини е многу важна личност, не само за мене, туку и за нашето ателје, всушност за сè. Таа е мојата десна рака и кога не се гледаме, постојано сме на телефон“, изјави Лагерфелд во документарецот „7Days Out“ за Нетфликс.

the_guardian.jpg

Како дел од семејство производители на свила, Вард отсекогаш ја обожавала модата, но нејзиниот првичен план бил да изработува театарски костими, иако завршила да работи нешто сосема друго.

Во една прилика ќе каже дека ја обожава работата во студиото на Шанел и дека таму воопшто не се чувствува некаква хиерархија.

vogue_australia.jpg

„Тоа е нешто сосема занемарливо. Иако тимот смета на мене, тие си ја знаат својата работа. Таму никогаш нема конфликти. На крајот, Карл одлучува за парчињата заедно со тимот. Јас не ни морам да бидам таму. На крајот, тој го има последниот збор“, изјави Вирџини во едно интервју.

Инфо: highsnobiety.com

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
720 пати