Кој ќе ја замени Фрида Џанини во Гучи?

15 декември 2014

Откако во петокот беше објавено дека директорите на модниот бренд Гучи, Фрида Џанини и Патрицио ди Марко ги напуштаат своите функции, веќе почнаа шпекулациите кој би можел да ги замени.

Веднаш по објавата, во јавноста се појавија информации дека местото на извршен директор на италијанскиот бренд, на кое досега беше ди Марко, веднаш го зазема Марко Бизари.

Модниот свет е преплавен со информации кој би можел да дојде на местото на дизајнерката и креативна директорка Џанини, а како први имиња кои беа пуштени во јавноста се Рикардо Тиши и Џозеф Алтузара.

„Ние никогаш не сакаме да даваме коментари поврзани со разни шпекулации. Но, една работа е сигурна: Ние активно работиме да ја пронајдеме соодветната замена“, изјавија од модната куќа.

Ваквите промени во брендот беа сосема очекувани. Џанини и ди Марко дефинитивно го одведоа брендот на едно сосема поинакво ниво, но многумина од модниот свет посочуваат дека на Гучи му се потребни и нови и свежи идеи.

Инаку, новиот извршен директор Марко Бизари досега има работено за брендот на Стела Мекартни, пред да се префрли во Ботега Венета во 2009 – та година. Засега остануваат непознати причините за нивното заминување, но медиумите веќе шпекулираат дека истото е резултат на финансиските проблеми на компанијата.

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Актуел