Кој ќе учествува на Лондонската модна недела

12 јули 2013

Иако сме окупирани околу летните трендови за оваа сезона, модниот свет веќе е подготвен за колекциите за сезона пролет-лето 2014, што ќе бидат преставени на Лондонската модна недела.

Откриени се учесниците на модниот настан од 13 -ти до 17-ти септември, а меѓу нив се Бурбери, Кристофер Кејн, Ердем и Том Форд. Исто така, сите очи ќе бидат вперени и во ревијата на Никол Фари.

Еден од дебитантите на Лондонската модна недела ќе биде Смитсон, кој го држи својот концепт на презентација во строга тајност.

Присутните, а и јавноста ќе имаат можност да ги видат новите креации и на Ема Хил, што воедно ќе биде и нејзината последна колекција како креативен директор на Мулбери. Во веќе закажаниот распоред се и Стела Макартни со Adidas by Stella McCartney, Симон Роша, Вивијан Вествуд, Москино (Cheap and Chic), Фелдер Фелдер, Ричард Никол и други.

 

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Актуел