Кој стои зад креацијата за коja сите зборуваат?

30 јануари 2017

На неодамна завршената модна недела во Париз за Висока мода, Џон Галијано и модната куќа „Марџела“ презентираа колекција со која успеаја да го свртат сето медиумско внимание, па дури и повеќе од тоа.

Белиот капут со лице на жена од тул стана вирален хит. Сите се воодушевуваа и се прашуваа кој стои зад креацијата и како е создадена.

Бенјамин Шајн е името на уметникот, кој на покана на Галијано, ја направи оваа навидум обична креација една од најпосакуваните.

Уметникот вели дека тоа што тој го прави е всушност „сликање со ткаенина“ и иако изгледа можеби како нешто апстрактно, сепак е и функционално.

-Ми се допаѓа идејата тулот да премине од својата позната улога, во „пригушена“, нестварна слика – вели Шајн.

Бенјамин Шајн

Долго време ја развивал идејата од едно парче тул да создаде портрети, со што ќе ги изрази сите свои технички способности.

-Џон пред извесно време ја виде мојата работа и неговиот дизајнерски тим стапи во контакт со мене, со покана за соработка за оваа колекција. Џон ми го претстави убавиот концепт со кој тулот ќе функционира и ќе лебди на белиот капут, а идејата потоа сама прогресираше – објаснува уметникот.

Тој додава дека за тоа се дискуритало неколку месеци во студиото на „Марџела“ и со Галијано ги разгледувале можностите за соработка.

 

-Процесот на креирање на портретот од тул бил предизвикувачки, особено ако се има предивд дека се работи за тридимензионално парче во движење. Сакав да видам дали може да биде комплетно транспарентно, за да можам да го додадам и „smoke-like“ ефектот. После неброени проби и конструкции, ефектот беше постигнат, а парчето беше рачно оформено и пришиено – открива Бенјамин.

Доказ за успешната работа да од нешто сосема познато, да се создаде нешто сосема ново и да фасцинира е тоа што публиката ја препозна идејата и умешноста.

Инаку, Бенјамин претходно соработуваше и со „Живанши“ на колекција блузони. 

Нема да биде лесно ова да се надмине, а со самото тоа ќе биде интересно и да се види што после ова ќе смисли Галиjано.

Во продолжение погледнете дел од работата на овој уметник:

 

 

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.426 пати
Извор: 
The Business of Fashion