Кој заработува најмногу во модната индустрија?

17 септември 2014

Сите вие кои директно не сте вклучени во модниот свет и го набљудувате од страна, неретко се прашувате како еден моден уредник на списание, менаџер за односи со јавност или дизајнер заработуваат толку големи суми на пари и можат да си дозволат луксузни патувања, скапи автомобили и живеат во грандиозни куќи.

Екипата која е дел од креативниот тим на порталот Who Wear What, направи истражување за годишната заработка и на тапет  ги приложи статистичките податоци и листите за највисоко платените модни професии.

Секако, статистиките се однесуваат на оние земји во кои модната индустрија и модното производство вистински постојат и високо котираат во бизнисот.

ПР асистентот - 32.000 американски долари

ПР советник - 60.000 американски долари

Генерален ПР менаџер – 80.000 американски долари

Потпретседателот на ПР одделот – 210.000 американски долари

Главен дизајнер на американски бренд од 45.000 американски долари до 131.000 американски долари

Главен дизајнер на интернационален бренд од 73.000 американски долари до 131.000 американски долари

Графички дизајнер – 65.000 американски долари

Креативен директор на бренд – 175.000 американски долари

Директор за продажба – 150.000 американски долари

Моден уредник – 75.000 долари

Генерален директор на бренд – 200.000 американски долари

Креативен директор за едиторијали – 150.000 американски долари

Приправник на бренд – 11 долари на час

Приправник во секторот за малопродажба – 14 долари на час

Личност која е задолжена за планирање и организирање на модни настани – 44.000 американски долари

Buyer ( Личност која одбира кои парчиња на брендот ќе се најдат во продажба во продавниците врз основа на неговите или нејзините предвидувања за она што ќе биде трендовско и популарно таа сезона) -70.000 американски долари

Асистент на Buyer – 45.000 американски долари

Личен асистент – 30.000 американски долари

Асистент на едиторијали – 30.625 долари

Маркетинг менаџер од 48.000 американски долари до 104.000 американски долари

Маркетинг директор од 112.000 американски долари до 170.000 американски долари

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Актуел