Колекција фустани на Сара Џесика Паркер инспирирани од Кери Бредшо

28 септември 2016

Модната икона, претприемачка, мајка, актерка, дизајнерка на чевли и што уште не, Сара Џесика Паркер, најави нова колекција фустани целосно инспирирани од ликот на Кери Бредшо кој таа го толкуваше во серијата „Сексот и градот“.

На нејзиниот Инстаграм профил, таа откри дека многу наскоро ќе ѝ ја претстави колекцијата на јавноста, а сите парчиња ексклузивно ќе бидат достапни во Bloomingdale’s.

Деталите за колекцијата сѐ уште не се познати, но она што засега го знаеме е дека станува збор за линија на мали црни фустани, кои судејќи според објавата на Инстаграм на актерката, ќе бидат исклучително женствени.

Парчињата од колекцијата ќе бидат достапни за продажба кон крајот на следниот месец, а со оглед на тоа што станува збор за Сара Џесика Паркер и Кери Бредшо како инспирација, повеќе од сигурно е дека истата ќе биде распродадена за многу брзо време.

Во продолжение можете да ја погледнете првата фотографија од колекцијата фустани, а на следниов линк погледнете го и видеото со најавата на актерката.

 

Објавено:
28 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.521 пати