Колекцијата „Summer vibes“ со голем сезонски попуст до -50%

29 август 2019

Летната колекција „Summer vibes" од линијата Elena Luka Basic сега е достапна со голем сезонски попуст до -50%!

Искористете ја оваа одлична прилика за да го збогатите вашиот плакар со тренди летни парчиња што ги носат вибрациите на слободниот дух и колоритот на летото.

Во широкиот избор на стилски парчиња, ќе ги најдете сите омилени фустани, кошули, панталони, комплети, модни детали, сандали и чанти, што ќе го збогатат вашиот имиџ, а притоа со достапни цени.

Голем дел од модерните парчиња, соодветно може да ги комбинирате и во текот на првите есенски денови, како на пример макси фустаните со флорални принтови што може да ги стилизирате со џинс јакна и патики или чизми до глужд.

Вашите омилени дизајни од „Summer vibes" може да ги нарачате онлајн на интернет продавницата на Елена Лука или да ги посетите ателјеата на брендот во Скопје и Струмица.

Големиот сезонски попуст ќе трае до 15. септември, а во меѓувреме ја очекуваме и новата есенска колекција од линијата Elena Luka Basic.

 

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
743 пати