Колку нè чини Нова година?

28 декември 2017

За новогодишниот период од годината секогаш се врзуваат топли чувства, добро расположение (нешто што во последно време сè помалку го гледаме) и многу храна, но исто така и брзото трошење пари.

За јануари велиме дека е најдолгиот месец во годината, но во тоа голем уддел има и декември, бидејќи во последниот месец парите како најбрзо да се трошат.

Поттикнати од ова, одлучивме да направиме пресметка, колку трошиме околу Нова година. Тргнавме од новогодишните елки, па сè до облеката и новогодишните понуди. А истражувањето го направивме врз основа на цените низ неколку трговски центри и познати продавници за предмети и украси во Скопје.

 

Елки:

Ако се вселувате во нов стан, или сте немале елка до сега, или пак старата ви е за никаде, годинава цената на елките се движеше од 70 денари за оние од 60 сантиметри, па сè до 5.000 денари за оние од 230 сантиметри, односно 7.500 денари за 240 сантиметри и гранки што светат.

Цените на елките со просечна големина од 150 сантиметри се од 450 денари, прекку 1.400 па до 2.000 денари.

Белите елки се секогаш посакпи, па цената на бела елка од околу 150 сантиметри чини околу 2.000 денари.

Украси:

Понудата на лампиони е секогаш голема и тука најлесно може да ви отиде еден куп пари.

Единечни лампиони можат да се купат од 25 денари, па сè до 350 денари, доколку се работи за рачно цртани украси.

Цената на пакувањата по шест се движи од 70 денари до 150 денари.

Цената на кутиите што содржат 36 парчиња се движи од 360 до 600 денари.

Украсните ленти за елки чинат од 30 денари па до 130 денари.

Цената на сијаличките се движи од 140 денари до 750 денари во зависност од тоа какви се по форма, колку се долги, како светат...

Декорации за дома:

Празничната атмосфера во домот не поминува без новогодишно венче. Нивната цена се движи од 170 до 350 денари, во зависност од големината и материјалот од кој е изработено (дрвените се поскапи).

А кога сме кај дрвените украси, тие годинава посебно доминираат. Дрвени елки, дедомразовци, натписи „Marry Christmas“, снешковци, можат да се најдат во различни големини. Нивната цена се движи од 90 енари, па сè до 1.200 денари (ако се работи за поголеми фигури).

Цената на украсните перници секаде е речиси околу 300 денари, додека чорапите за подароците се од 80 до 300 денари.

И икебаните чинат од 180 па сè до 500 денари.

Цената на празничните чаршафи се движи од 40 до 400 денари, додека за лентите за маса од 150 до 350 денари.

Украсни чинии или танци се од 60 па до 300 денари (од парче).

Цената на цвеќето „Божиќна ѕвезда“ е од 150 денари па до 400 денари.

Салфетките со празнични мотиви се од 30 па до 80 денари.

 

Облека:

Ако сакате да се подновите со нешто посвечено во празничниот период, цените на кусите фустанчиња се движат од 2.000 па нагоре (пред сè мислиме на бутиците и локалните продавници, предвид не се земени дизајнерски парчиња).

Долгите фустани пак се од 4.000 денари па нагоре.

Кошулите се од 1.000 до 2.000 илјади, додека здолништата во просек се околу 1.000-1.200 денари.

Сакоата се во просек од 2.000 до 3.000 денари.

Фризура/Шминка:

Фенирањето е од 200 до 600 денари во зависност од тоа каде се фенирате и која ви е должината на косата.

Шминката пак е од 500 до 1.500 исто така во зависност од тоа каде, кој и како сакате да ве нашминка.

 

Новогодишни понуди:

Новогодишните понуди се од:

1000 денари за стоење+ вклучен пијалок

1500 денари за коњопој+мезе+пијалок

1700 до 4000 денари се понудите во ресторан

 

Ние направивме една пресметка со просечните цени од сите елементи и тоа изгледа вака:

Елка 1.50 +36 лампиони = 1.370 денари

Лампиони – кутија = 600 денари

Машнички = 2x12 = 60 денари

Сијалички = 300 денари

Венче за врата = 170 денари

Дрвени фигури – 2х120 денари = 240 денари

Икебана = 200 денари

Свеќи 2х70=140 денари

Тацни = 4х70=280 денари

Божиќна ѕвезда = 150 денари

Салфетки - 2х40=80 денари

Фустан = 3.000 денари

Фенирање = 300 денари

Шминка = 1.000 денари

Депилација = 800 денари

За прослава = 1.200 денари

Вкупно: 9.890 денари

 

Во овие трошоци не се вклучени трошоците околу храната, подароците, чевлите, хулахопките, превозот...

Од оваа листа, извадете или додадете нешто што имате/немате и ќе имате отприлика предвид колку декември ќе остави трага врз вашиот буџет, а не е малку секако...

Објавено:
28 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
871 пати