Колку пати во денот му кажувате „не“ на вашето дете?

24 јули 2018

Веројатно барем еднаш во денот се прашувате зошто вашето дете плаче, дали го боли нешто, а не знае да ви каже, дали му се јаде, му се спие, му излегуваат заби и што уште не...

Можеби некогаш едноставно не се расположени или пак не сакаат толку често да го слушаат зборот „не“, а сигурно го употребувате безброј пати во денот.

A Pilgrim's Friend

Една прекрасна мајка на мало детенце успеа да напише толку реално писмо во име на нејзиното дете, по кое верувајте дека ќе размислите како се однесувате со вашите деца на дневно ниво.

Понекогаш, тие само бараат одобрување од вас да направат нешто по кое ќе се чувствуваат среќни и нема да бидат фрустрирани од безбројните негативни одговори што ги добиваат од родителите.

Иако зборот „не“ е важен дел од образованието и од поставувањето граници, сепак понекогаш е потребно да им се дозволи да го направат она што вистински го сакаат само да ги видите среќни.

Писмото го пренесуваме во целост.

„Денеска се разбудив и сакав да се облечам сам, но мајка ми ми рече дека немаме време и дека таа мора да ме облече. Тоа ме направи тажен. На појадокот, сакав да јадам сам, но таа повторно не ми дозволи, бидејќи сум бил трапав и ќе сум се извалкал. Ова ме фрустрираше“, пишува мајката во име на нејзиниот две годишен син.

Таа продолжува да го раскажува вообичаениот ден.

Brightly

„Откако завршивме со појадокот, тргнав сам да се качам во автомобилот, но мајка ми рече дека мора да побрзаме и таа ме качи. Почнав да плачам, но сепак се обидов да се симнам сам кога стигнавме пред градинката. Повторно, таа ми рече дека нема време да ме чека и таа го направи тоа за мене, а јас сакав само да побегнам“.

Откако завршиле во градинката, учителката ги однела во дворот да си играат.

„Тргнав да си играм со коцките на едни деца, но тие не ми дозволија, бидејќи веќе имаа шема на редење. Наместо тоа, отидов да си играм со една кукла на моето другарче. Ја земав, а учителката ми рече да ја вратам бидејќи не била моја и сум морал да научам да делам играчки. Плачев. Сакав таа да ме прегрн, но ми рече дека не ми е ништо и повторно ме прати да си играм во дворот“.

„Дојде времето кога требаше да ме земат од градинка и јас не знаев што треба да правам. Додека стоев така, учителката ми рече да си ги соберам играчките, да не го губам времето. Иако никој не ми дозволува да јадам и да се облакам сам, сега одеднаш треба да си ги соберам играчките“.

Videoblocks

„Повторно почнав да плачам. Кога повторно посакав да јадам сам, ми рекоа дека сум мал и дека другите треба да ме нахранат. Тоа навистина направи да се чувствувам мал. Се обидов да ја јадам храната пред мене, но некој постојано ми даваше да пробам нови работи кои не ги сакав. Повеќе не сакав ниту да јадам. Ја фрлив храната и почнав да плачам“.

Во овој момент, на крајот на денот, сосема нормално е дека детето ќе се чувствува фрустрирано, тажно и нервозно, а овој текст совршено одговара на прашањата на родителите, зошто е тоа така.

Jigsaw_occupational_therapy

„Имам две години. Никој не ми дозволува да се мрднам и да одам каде сакам, ниту пак да се храма или облечам. Наместо ова, јас сакам да слушнам „да“, „почекај малку“ и слично. Очекувате од мене да седам мирен или да знам дека нешто ќе се скрши ако фрлам кон него. Тоа јас не го знам. Не ми дозволувате да одам сам, да ги допирам работите, да научам како да се облечам, како да ја закопчам кошулата, како да трчам, како да се качувам или да правам некои други работи кои знам дека можам да ги направам. Овие работи ме интересираат, јас сум љубопитен за сите работи што не ми ги дозволувате. Имам две години, јас не можам да бидам лош, само ме фрустрирате со забраните. Нервозен сум, полн сум со емоции и збунет. Ми треба прегратка“.

Веќе следниот пат кога ќе се прашате зошто вашите деца плачат или се нервозни, сетете се на овој текст и на тоа дека и вашите дечиња може да имаат лош ден, особено со сите тие забрани на кои дефинитивно сите мора да поработиме.

Објавено:
24 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
479 пати