Колку троши „Версаче“ годишно за ревии?

19 март 2019

Магазинот WWD неодамна објави информација за тоа колку модната куќа „Версаче“ вложува во своите ревии. Финансиските извештаи на брендот станаа достапни за јавноста, а со тоа и некои интересни факти.

Во 2017 година „Версаче“ заработел 668 милиони евра, од што 64 проценти од приходот е остварен во нивните продавници, а остатокот од другите продажни канали.

На годишно ниво, за ревии модната куќа троши 9.3 милиони евра, а за снимањето на кампањите издвојува 5.6 милиони евра.

Во делот за промоција и рекламирање се потрошиле 21.5 милиони евра, што според стручњаците е нависитна голема сума, ако се земе предвид дека оваа куќа најмногу зависи од европскиот пазар. Резултатите од продажбата во Америка се далеку послаби од тие од Европа. Оттаму веројатно воопшто не е случајност што токму Мајкл Корс е новиот сопственик на брендот, па веројатно и статистиките ќе станат подобрени.

 

Инаку, Мајкл Корс има желба да основа сопствена групација во стилот на „Керинг“ или „LVMH“ на американскиот пазар.

За потсетување, Корс го купи „Версаче“ за 2.1 милијарди долари, а многумина се сомневаат во исплатливоста на таа инвестиција. Многумина веруваат дека кога трендовите од 90-тите ќе се повлечат од модната сцена, „Версаче“ ќе се најде во криза, бидејќи најмногу живеат од реинтерпретации на креациите на Џани.

Веројатно тогаш ќе започне сосема нова ера на италијанскиот бренд, за која и Корс со сигурност има своја визија.

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
467 пати