Концертот на Дуке Бојаџиев – магично бегство од реалноста!

13 февруари 2015

Македонската опера и балет како да стана место каде се загарантирани фасцинантно интимните концерти на големите музички ѕвезди.

17

Еден таков на македонската публика вечерва и приреди маестралниот Дуке Бојаџиев заедно со Македонската филхармонија и неговите верни пријатели.

16

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, а во придружба на Исмаил Лумановски на кларинет и Матијас Кунцли на перкусии, Бојаџиев вечерва понуди вистинско бегство од реалноста.

20

Изведувајќи ги неговите авторски од „Љубовта е патот“ и „Сон, Верба, Љубов“, младиот и талентиран музичар нѐ одведе во една поинаква димензија од која посакавме да не се вратиме никогаш.

5

На самиот почеток, тој концертот го најави како „прикажување на личните искуства и патувања“, од кои барем на два часа имавме чест да бидеме дел.

6

Совршено одбрани стихови вечерва рецитираше единствениот Васил Зафирчев кој одлично се вклопи во друштвото на сцената на МОБ.

10

Како што и се очекуваше, особен впечаток вечерва остави уникатниот Крсте Роџевски кој сам по себе е неверојатно талентиран вокал што секогаш нуди некоја посебна енергија.

9

Вечерва, покрај со неговиот безвременски глас, тој ја исполни салата и со нескротливата позитивна енергија која се чини неверојатно заразна. Покрај кај публиката, тој измами насмевки на лицата кај колегите од Македонската филхармонија кои по кој знае кој пат докажаа дека се оркестар на кој секој може да му позавиди.

19

Неверојатниот спој на раскошните елементи од музиката на Дуке, приреди едно посебно уживање и нѐ одведе на кусо патување за кое сите толку копнеевме. Како што и самиот ќе каже, фузијата што тој успева да ја направи од класичната, изворната и филмската музика, е нешто што задолжително треба да се доживее.

15

Сосема нормално, публиката го врати неколкупати на бис кога тој за прв пат ја отсвири, а Крсте ја запеа „Танго до Балчак“, како една од омилените песни на публиката.

21

Уште еднаш, се потврди фактот дека на македонската публика и недостасуваат концерти од ваков тип, во кои барем на неколку часа ќе може да ужива во искреноста, носталгичноста, едноставно и магијата што музиката ја нуди.

11

За сите оние што немаа можност вечерва да бидат дел од концертот на Дуке Бојаџиев кој беше вистински празник за душата, грешката ќе имаат можност да ја исправат во недела во МКЦ од 19 и 21 часот.

12

Токму таму, во киното Фросина, Дуке и неговиот „бенд“ ќе го репризираат сето она во кое присутните во МОБ вечерва имаа можност да уживаат, а истото се опишува со два збора – вистинска магија!

7

Објавено:
13 февруари 2015
Категорија: 
Актуел