Конкурсот за БАФЕ отворен до утре на полноќ!

13 октомври 2017

Имаш помеѓу 18 и 35 години и доаѓаш од некоја од земјите во регионот? Уметник си и се занимаваш со мода или модна фотографија? Или пак сакаш да ги „фаќаш“ моментите зад сцената? Имаш свежи идеи и сакаш сите да слушнат за тебе? Пријави се на конкурсот за 11-тото издание на БАФЕ кое ќе се одржи кон средината на декември во Белград!

Од организацијата истакнуваат дека бараат модни дизајнери, фотографи и волонтери.

Сите што се пронаоѓаат во описот горе, треба да го испратат своето CV и модните скици, како и фотографии од едно реализирано модно парче со кое ќе се претстави на БАФЕ (во JPG или PDF формат). Фотографите пак, со CV-то, треба да го испратат и своето портфолио, а волонтерите работна биографија и мотивациско писмо.

Апликациите со назнака „Za konkurs 2017_moden_dizajner“/_fotograf/_volonter, во зависност за што аплицирате, праќајте ги на мејлот: bafeevent@gmail.com .

Идните членови на тимот ќе имаат шанса да ја искажат својата креативност и да го афирмираат својот бренд пред широк аудиториум, а ќе стекнат и бројни искуства за продукција и организација на едно модно случување.

Конкурсот е отворен до сабота, 14-ти октоври, на полноќ.

Ако досега не сте го направиле тоа, имате уште малку време.

За потсетување, БАФЕ (Balkan Art Fashion Event) е модно случување кое се одржува веќе пета година по ред, а воден е од идејата да промовира домашна, односно мода од регионот и да им даде шанса на младите и недоволно афирмирани дизајнери да го покажат својот талент. 

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
156 пати