Костимот на „Викторијас Сикрет“ со 450.000 кристали

3 ноември 2016

Големото шоу на „Викторијас Сикрет“ традиционално ќе го гледаме на 5-ти декември. Брендот секојдневно открива нови детали околу спектаклот на кој годинава ќе пеат Бруно Марс, Лејди Гага и The Weeknd но она што сега ни го привлече вниманието е костимот што ќе го носи младата Џозефин Скривер.

Се работи за кристален топ прекриен со 450.000 кристали и 3.000 сваровски кристални реси и секако гаќички. За да се постигне ваква лреација, ставањето на една реса траело околу 12 минути. Еден ракав пак тежи 3,5 до 4,5 килограми.

Костимот е дополнет и со транспарентни високи чизми од Брајан Етвуд, исто така украсени со 1.630 кристали.

Инаку, ова ќе биде 22-ро годишно шоу на брендот, 52 модели ќе се појават на шоуто, а ќе бидат прикажани 82 креации.

Младата моделка не ја крие возбудата што токму неа ѝ припаднала честа да го носи овој Сваровски костим.

-Не можам да верувам јас ќе бидам тоа! Мислам дека ќе го носам 24/7 во Париз и ќе светкам секој ден – изјави Скривер за „Ви-ви-ди“.

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
687 пати