Кралицата Елизабета го одбележа својот роденден со насмевка!

21 април 2014

Кралицата Елизабета II денеска го прославува 88-миот роденден. По тој повод реномираниот британски фотограф Дејвид Бејли изработи фотографски портрет во црно-бела техника, на кој што кралицата позира со широка насмевка! Фотографијата е направена во Бакингамската палата во март оваа година.

Со посебно овластување од страна на Британската влада, фотографијата ќе се користи во кампањата за промовирање на Велика Британија како дестинација на трговијата, туризмот, инвестициите и образованието.

Дејвид Бејли се смета за еден од најдобрите фотографи во Велика Британија и зад себе има навистина импресивно работно портфолио.

И покрај фактот што Кралицата влегува во 88-мата година од нејзниот живот, сепак е во одлична здравствена состојба и секогаш е присутна на јавните настапи и појавувања на кралското семесјтво. Експертите сметаат дека доброто здравје на Кралицата Елизабета е генетска предиспозиција која таа ја има наследено од нејзнината Кралица Мајка која живееше 101 година.

Објавено:
21 април 2014
Категорија: 
Актуел