Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип прославија 70 години брак

21 ноември 2017

Кралското семејство вчера славеше платинумска свадба. Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип по повод 70 години брак, одлучија да направат нови портрети, за кои беше задолжен британскиот фотограф Мат Холиок.

Портретот е направен во домот на двојката, Виндсор замокот, каде вчера ѝ е одржана прославата, односно вечера во рамки на семејството.

Кралицата носи светол фустан од Анџела Кели, а брошот од жолто злато, рубин и дијаманти, ставен од левата страна, блиску до срцето, е подарок од принцот Филип од 1966 година и очигледно ѝ е еден од најдрагите модни додатоци.

Портретот е врамен и ќе стои до портретите на Џорџ Трети и кралицата Шарлота, кои биле во брак 57 години.

Инаку, Елизабета Втора е најдолго на престолот на британската монархија од било кој друг член на кралското семејство и воедно е единствената која слави платинумска свадба.

Никакви дополнителни активност по овој повод не се планирани. Освен фотографиите од пристигнувањето на дел од членовите на семејството, во медиумите не можат да се видат други детали од големата вечер.

Во тој конекст, Кејт Мидлтон, повторно одлучи да го облече нејзиниот омилен фустан од Дајан фон Фурстенберг, во комбинација со скапоцен бисерен накит.

За потсетување, Елизабет и Филип стапија во брак на 20-ти ноември 1947 година. Таа тогаш имаше 21 година, а Филип 26.  Инаку, се запознаваат на венчавката на родините на Филип, грчката принцеза Марина и вујкото на Елизабета, војводата од Кент во 1934 година.

Свадбата ќе биде дочекана со голема радост и веселба од британскиот народ, особено бидејќи се случува во време на криза, односно две години по завршувањето на Втората светска војна.

Кралското семејство по овој повод ќе угости преку 2.000 гости, а внечавката ќе ја следат милиони луѓе преку „Би-Би-Си“.

Венчаницата на кралицата Елизабета била украсена со 10.000 бисери, рачно навезени, а дизајнот бил на Сер Норман Хартнел.

Во текот на 70 години заеднички живот, најголемото богатство на кралската двојка се четирите деца (Чарлс, Ендру, Едвард и Ана), осумте внуци и пет правнуци (за сега).

Во продолжение погледнете дел од нивниот семеен албум:

 

фото извор: dailymail.co.uk; mirror.co.uk; bbc.com

Објавено:
21 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.195 пати