Кралицата Елизабета Втора ја одликуваше Ана Винтур

6 мај 2017

Ана Витур (67) конечно ја видовме насмеана! Модната уредничка ќе го памети петти мај до крајот на својот живот. Во Бакингемската палата вчера беше одликувана со почесна титула „дама" од страна на британската кралица Елизабета Втора, за посебни заслуги во модата и новинарството.

И веројатно ќе си речете, како е можно Американка да добие титула од британска кралица, но малкумина знаат дека Винтур е родена токму во Британија.

Еден краток период е и уредник на тамошното издание на „Вог", а потоа ја продолжува кариерата во американското издание, каде е веќе 30 години.

На свеченоста во Бакингемската палата, Винтур пристигна во друштвото на ќерката Би Шефер, која ја сподели радоста со неа.

-Ана Винтур беше неуморен борец и застапувач на етаблираните и дизајнерите во подем. Во Велика Британија, таа ги промовираше и помогна кариерите на таленти како Сара Бартон, Џон Галијано, Кристофер Бејли, Ердем Моралиоглу и Кристофер Кејн", рече претставникот на кабинетот на кралицата пред да ѝ биде доделена титулата.

Со оглед на тоа дека таа е една од најмоќните жени во модната индустрија, чиј авторитет не се намалува со годините, нема сомнение дека ова признание е и повеќе од заслужено. Но, во светските медиуми сепак прокоментираа дека е убаво уредничката почесто да ја гледаме насмеана и без очила за сонце.

Објавено:
6 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.203 пати