Кралското бебе доаѓа!

6 мај 2019

Војвотката од Сасекс Меган Маркл многу наскоро го очекува првото бебе со принцот Хари, откако утринава почнале трудничките болки, соопшти Бакингемската палата.

Породувањето почнало рано утринава, но засега сè уште нема официјални информации дали бебето се родило.

Неофицијално беше кажано дека војвотката сакала да се породи во нивниот нов дом покрај принцот Хари, но бидејќи го поминала терминот за породување, можно е да се породи и во приватна болница како што се шпекулираше на почетокот.

Меган и Хари соопштија дека го очекуваат првото бебе во октомври на нивната прва официјална турнеја низ Австралија. Шпекулациите дека бебето се родило почнаа утринава кога кралското семејство побара луѓето да престанат да се обложуваат за датумот кога ќе се роди бебето на Хари и Меган.

Засега, сè уште нема информации дали војвотката се породила.

Инфо: BBC, Sky News

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
709 пати