Креативна рециклажа - Еднодневна работилница и изложба

12 април 2017

Трите млади дизајнерки Морана Радочај, Магдалена Таневска и Евгенија Зафировска ве покануваат на еднодневна работилница за рециклирање и изработка на модни додатоци!

На работилницата ќе ви покажат како од идеја да дојдете до готов производ, како да примените различни начини на рециклирање и како со креираните материјали да создадете нешто ново и уникатно.

Учеството на работилницата е бесплатно!
Бројот на учесници е ограничен на 10!
Пријавување и повеќе информации на evgenijazafirovska@gmail.com

По завршувањето на работилницата следи изложба на изработените модни парчиња.

Идејата е подржана од Јавна соба и Пакомак.

"Единственоте животни суштества кои креираат отпад сме ние луѓето. Во природата ништо не претставува отпад, секој материјал има своја функција" велат менторките.

Работилницата е закажана за 6-ти мај.

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
111 пати