Крис Рок по 11 години повторно домаќин на Оскарите?

21 октомври 2015

Откако во 2005 година познатиот комичар Крис Рок за прв пат се појави во улога на водител на престижните академски филмски награди Оскар и направи вистинско шоу, сега повторно се споменува неговото име во најавите за домаќин на претстојното издание во 2016 година.

Според Variety, официјално името на водителот ќе биде соопштено наскоро заедно со сите други детали за 88-то издание на најпрестижниот настан во шоу бизнисот што ќе се одржи на 28-ми фебруари.

Рок дебитираше на филмското платно во 1987 година во вториот дел на филмот "Полицаецот од Беверли Хилс", со Еди Марфи, а е препознатлив по неговиот остар и често провокативен хумор.

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
216 пати