Криси Тиген и Џон Леџенд станаа родители по втор пат!

17 мај 2018

Познатата двојка Криси Тиген и Џон Леџенд станаа родители по втор пат. Моделот вчера се пофали на својот Твитер профил дека се побогати за уште еден член во семејството.

Се' уште не е откриено како ќе се вика синот, ниту пак се познати деталите околу породувањето, како што беше случај претходно.

Инаку, двојката веќе има една ќерка, Луна, која има две години. Криси и Џон јавно зборуваат за проблемите со неплодноста, со која се бореа речиси девет години. Првото дете го добија благодарение на успешно „ин витро“, а истата постапка беше направена и за втората бременост.

Со оглед дека првото дете им е девојче, Криси уште на почетокот на бременоста откри дека второто дете ќе е момче.

„Веќе реков дека следното бебе ќе е машко, бидејќи ембринот кој ни останува е таков. Момче. Да“, гласеше нејзината објава на „Твитер“.

Двојката во септември ќе прослави пет години брак.

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
670 пати