Кристен Стјуарт како Коко Шанел во новиот филм на Лагерфелд

25 август 2015

Миленичката на Карл Лагерфелд конечно ќе блесне во улогата на Коко Шанел во неговиот нов, краток филм чија премиера се очекува овој декември. 

Освен што последните години таа се ориентираше кон снимањето на независни филмови и комплексни улоги, Кристен Стјуарт последниве години полека, но сигурно станува миленичка и во модниот свет. 

Досега, таа се има појавено во неколку кампањи на Шанел, а последнава вест дека ќе ја глуми Коко Шанел во неговиот нов филм, ја разбранува јавноста. 

На големото платно досега Коко Шанел ја имаат прикажано Кира Најтли, Одри Тату и уште неколку други актерки, но се чини Кристен ќе биде сосема поинаква од сите останати. 

Премиерата на филмот ќе се случи на годинешниот Métiers d’Arts настан на Шанел во декември во Рим.

Објавено:
25 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
923 пати