Кристофер Бејли не е веќе извршен директор на „Барбери“

22 мај 2017

Најновата вест од британската модна сцена е дека Кристофер Бејли си заминува од функцијата извршен директор на „Барбери“.

Но, не и од брендот. Имено, после финансиските анализи на модната куќа за првата четвртина од годинава, „Барбери“ забележува голем пат од 7.3%, односно 373.7 милиони долари.

Тоа беше главната причина Бејли да замине од ова место, каде што кон почетокот на јули ќе го замени Марко Гобети, кој претходно работеше на истата позиција во брендот „Селин“.

Бејли (лево) - Гобети (десно)

Сепак, имајќи предвид што сè Кристофер направи за оваа модна куќа во креативна смисла, тој ќе остане задолжен за дизајните и понатаму, односно ќе остане креативен директор.

За британските медиуми изјави дека ова е добар чекор на куќата и дека тоа што е ослободен од „финансикиот дел, дава можност комплетно да се посвети на креирањето“.

Дизајнерот ја извршуваше функцијата на извршен директор од 2014 година. 

Објавено:
22 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
130 пати