Кристофер Кејн дизајнираше колекција инспирирана од „Убавицата и ѕверот“

15 март 2017

Додека глобалната јавност со нетрпение ја очекува светската премиера на „Убавицата и ѕверот", шкотскиот дизајнер Кристофер Кејн веќе дизајнираше колекција инспирирана од филмот.

Истата се состои од 30-на носливи парчиња облека, што секако како свој заштитен печат, аплициран речиси на сите парчиња, ја имаат розата.

Но, ако очекувавте во оваа линија да ја видите и репликата на фамозната жолта тоалета од сцената со танцот на Бела и ѕверот, тогаш не сте во право.

Во принцип сите парчиња од оваа колекција се во смирени и чисти линии, без голема драма во однос на кроевите. Погледнете дел од нив:


 

 

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
406 пати