Купувачите реагираат – H&M ќе ги промени конфекциските броеви на облеката за жени

13 јуни 2018

Веројатно и Вие сте се соочиле со ситуација кога вообичаено носите еден конфекциски број, но кај одредени модни куќи, конфекциските броеви на нивната облека ни оддалеку не соодветствуваат на стандарните величини?

Ова не е изолиран случај, туку напротив проблемот со несоодветните величини кои не одговараат на стандардите, е многу честа појава на ниво на проблем. Долгорочно ова влијае и на продажбата, па логично е брендовите, модните етикити и модните куќи да преземат чекори за промена на оваа состојба.

Таков е случајот со шведскиот гигант H&M.

„По барање на нашите купувачи и нивните желби, ќе направиме промени во мерките и величините на облеката за жени под нашата етикета", се вели во службена изјава на H&M.

Кога се во прашање конфекциските броеви и мерки, оваа модна куќа која важи за една од глобално највлијателните, честопати е мета на критики на нивните купувачи што нивните велични ги нарекуваат „смешни". Еден пример е Американката Лори Берн, која на службената страна на брендот го сподели своето искуство од „борбата" со нивните конфекциски броеви. Оваа девојка која носи величина 40, кажува дека во продавниците на H&M не и одговара дури ни фустан со конфекциски број 44.

Од друга страна пак, постои и одредено објаснување за овој проблем, а се однесува на тоа што постојат различни стандарди според кои се одредуваат величини (пример американски, британси, европски итн). Тоа значи дека според различни стандарди еден ист конфекциски број е различен во однос на сантиметри. Проблемот настанува при конвертирањето на величините од еден во друг стандард.
Но, H&M се одлучни во ставот дека ќе направат измени во овој дел што ќе соодветствуваат на барањето на потрошувачите, пренесува Huffington Post.

„Ги следевме барањата на нашите верни потрошувачи и одлучивме да направиме крупни промени, во однос на величините на нашите женски колекции, што од сега ќе бидат прилагодени на британскиот стандард на величини", се вели во соопштението.

 

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.941 пати