Lacoste го смени крододилот за загрозени животни

6 август 2018

Крокодилот по кој долги години наназад е познати брендот Lacoste конечно им го препушти местото на други животни, овојпат, од загрозен вид.

Благодарение на соработката на брендот и Меѓународната унија за зачувување на природата, компанијата создаде нови поло маички со лого од загрозени животни и тоа – колку маички има со тоа животно, толку животни од тој вид има останато на земјата.

Со купување на една од овие маички, им помагате на Меѓународната унија и компанијата во борбата за зачувување на дивите животни ширум светот.

На познатите поло маички, дизајнерите на брендот сместија див тигар како лого, папагал, носорог, калифорниска морска свиња и уште некои други.

Ова е прв пат компанијата да го промени познатиот логотип, а во последната колекција прикажана на париската модна недела, дизајнерите прикажаа и панталони, јакни и маички со принтови од десетте најзагрозени животински видови во светот.

 Извор: Modamo.info

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
769 пати