Лагерфелд и Vans се здружија за нова супер кул колекција

1 септември 2017

Неуморниот Карл Лагерфелд несомнено има уште многу креативна енергија. По низата соработки со различни модни куќи и брендови, сега етаблираниот дизајнер ги здружи силите со скејт брендот Vans и дизајнираше одлична колекција облека и модни додатоци.

Лагерфелд осмисли капсулна линија во неговата омилена црно-бела комбинација, а истата се состои од шест „класични" модели на Vans патики, маичка со принт од ликот на дизајнерот и натпис со неговото име, како и кожен ранец.

Цените за парчињата од оваа колекција се помеѓу 40 и 300 американски долари.

Како најава објавени се неколку фотографии од резултатот од оваа соработка.

 Фото извор: Vans

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
349 пати