Лана дел Реј ја краси насловната на францускиот магазин Мадам Фигаро

28 јуни 2014

По издавањето на нејзиниот нов, одличен албум, сите повторно зборуваат за неа! Прекрасната и секогаш своја, Лана дел Реј, ја краси насловната на францускиот магазин Мадам Фигаро.

Креативниот Џејмс Вајт направи цела фотосесија за магазинот во која можеме да ја видиме талентираната пејачка во неколку изданија во прекрасни зелени предели. Во парчиња што одлично и прилегаат, во комбинација со интересни модни додатоци, таа изгледа одлично како и секогаш.

Уредниците на магазинот и овојпат ја опишуваат американската пејачка како трагична ретро дива, каков што е впрочем и нејзиниот нов албум.

Во целата фотосесија, иако пејачката носи неколку комбинации од последните колекции на светските модни дизајнери, таа повторно изгледа како доаѓа од некоја друга, ретро ера.

Што се однесува до шминката и фризурата, како и секогаш, таа ја одбра сигурната варијанта на брановидна коса во комбинација со smokey eyes и огромни трепки. Прекрасната Лана во интервјуто за магазинот говори за приватниот живот, за новиот албум и за тоа како се чувствува окружена со толку големо медиумско внимание.

Во продолжение погледнете ги фотографиите, а доколку сѐ уште не сте го преслушале нејзиниот албум „Ultraviolence“, задолжително сторете го тоа!

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Актуел