Лана Дел Реј во ретро фазон

4 декември 2014

Романтичната музичка дива Лана Дел Реј повторно е во центарот на вниманието во специјалното издание на магазинот Galore. Шармантната пејачка во чии љубовни стихови се пронајдоа голем број луѓе ширум светот изгледа прекрасно во новиот едиторијал за списанието. Реј ја фотографираше нејзиното момче, италијанскиот фотограф Франческо Кароцини во Малибу, Калифорнија. Пејачката позира со широка насмевка на лицето, шетајќи се по ситниот песок на плажата во Малибу, облечена во ретро стил, кој вклучува секси кадрици и заводлив поглед.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Актуел