Лара и Мара имаат нешто да му порачаат на светот

7 април 2017

„Среќни сме со нашата уникатна убавина“, велат Лара и Мара, 11-годишните близначки кои станаа вирален хит.

За нивното откритие може да му се заблагодарат на фотографот Винициус Теранова од Швајцарија, кој случајно ги забележал и во нив го препознал големиот потенцијал.

Инаку, сестрите се родени со албинизам, ретка генетска состојба, која предизвикува депигментација на косата, кожата и очите. Иако нивните родители се од Гвинеја Бисау во Западна Африка, и двете девојчиња се бели како снег, со светла коса и очи.

Откако ги видел на видео, Теранова одлучил да ги ангажира како модели за неговата книга „Ретки цвеќиња“ (Floters Raras). Оттогаш, близначките и нивната постара сестра Шејла (која е со темна боја на кожа), станаа модели за големи брендови, вклучувајќи ги „Најк“ и „Базар Кидс“.

Во едно интервју за „Дејли Мејл“, Теранова раскажа за соработката со Лара и Мара.

„Тие се неверојатно убави и талентирани и тоа беше причината што сакав да соработувам со нив. Имаат самодоверба и многу добро се снаоѓаат во работата. Убавината, која не е нешто невообичаено, но е ретко перцепирана во секојдневието на надворешниот свет, чекаше да биде забележана и да го добие заслуженото внимание “, вели фотографот.

Иако млади, близначките велат дека „чувствуваат дека албинизмот е убаво нешто“ и се надеваат дека нивната уникатна убавина ќе ја искористат и надоградат како модели, презентирајќи го и албинизмот и црните жени во индустријата, која се соочува со проблеми на различноста.

„Растењето со албинизам е одлично, ние сакаме што сме различни“, потенцира Мара.

Постарата сестра на близначките пак, 13-годишната Шејла, нема албинизам, но е модел како и нејзините сестри и ги дели нивните чувства.

-Го сакаме моделството. Експресивни сме и креативни. Кога ќе нè спојат трите заедно, чувството е одлично, како и можноста да комуницираме со луѓето што се идентификуваат со нашата работа. Сакаме да видиме дека нашата убавина е вреднуваме преку нејзините уникатни аспекти – објаснува Шејла.

Сестрите, кои живеат со родителите во Сао Паоло неодамна отворија и Инстаграм профил, каде можат да ја презентираат нивната работа и веќе имаат преку 5.000 следбеници.

Нивната цел е да ја зголемат различноста во модната индустрија и иако се наоѓаат на почетокот на кариерата како модели, несомнено е дека пред нив е кариера на долги патеки.

 

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.336 пати