Легендарниот Ентони Хопкинс е новото лице на Бриони

29 јули 2017

Вистински џентлмен и еден од најимпресивните актери што некогаш Холивуд ги имал, Ентони Хопкинс е идеалниот избор за заштитно лице на исто толку култниот бренд Бриони.

Модната фела го поздрави изборот на заштитно лице на новата креативна директорка, а воедно и прва жена на чело на брендот Нина-Марија Ниче.

Црно-белите фотографии за есен-зима кампањата ги направи фотографот Џорџ Харис, а веќе претпоставувате дека Хопкинс одлично се снаоѓа во улогата на модел.

Инаку последните година дена беа турболентни во Бриони, со оглед на тоа дека Џастин О'Ши по само шест месеци ја напушти функцијата креативен директор, па брендот помина еден период во потрага по најсоодветен за таа позиција.

Пред Ентони Хопкинс, заштитни лица на последната кампања на Бриони беа хеви металците, членовите на Металика.

Фото: Бриони

Објавено:
29 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
327 пати