Лејди Гага без фотошоп ја презентира новата козметичка линија

9 јули 2019

Откако во февруари минатата година Лејди Гага најави дека ќе лансира козметичка линија насловена како „Haus“, обожавателите се прашуваа дали навистина ќе се случи, со оглед дека помина многу време, без конкретни информации.

Сепак, неодамна се појавија неколку фотографии кои имаат за цел да го најават официјалното лансирање кое ќе се случи наскоро.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HAUS BEAUTY NEWS (@hausbeautynews) onJul 4, 2019 at 8:32am PDT

 Брендот ќе биде за декоративна козметика, а новите фотографии наидоа на позитивни реакции.

Лејди Гага и уште две девојки се фотографирани со шминка од „Haus“, а фотографиите без фотошоп што посебно ги воодушеви идните консументи на брендот.

„Ми се допаѓа што фотографиите не се премногу средувани, точно се гледа кожата на Гага, која е природна и не премногу измазнета“, „Ѝ се гледаат брчките, толку е прекрасна и природна, и тоа е она што ја прави единствена“, „Ми се допаѓаат нејзините промо-фотографии, што не се префотошопирани и што се гледа текстурата на кожата“ се само дел од коментарите.

Во продолжение погледнете ги фотографиите, што мислите вие?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TRENDMOOD (@trendmood1) onJul 4, 2019 at 10:53am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HAUS BEAUTY NEWS (@hausbeautynews) onJul 4, 2019 at 9:03am PDT

 

 

Објавено:
9 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.528 пати