Лејди Гага е подготвена за годинашниот „Супер боул“

1 февруари 2017

Уште пет дена до 51-то издание на „Супер Боул“, кое со нетрпение го очекуваат и љубителите на спортот, но и оние на добрата забава.

Веќе е познато дека ѕвездата која ќе настапи на полувремето е Лејди Гага. Таа минатата година беше задолжена да ја испее химната, а овој пат, организаторите одлучија да ѝ го дадат комплетното шоу.

Но, покрај тоа, пејачката ќе се најде и во едноминутното видео на брендот „Tiffany&Co.“, кои за првпат прават рекламна кампања за овој голем спортски настан во Америка.

Таа во видеото ќе зборува за нејзината љубов кон овој оваа компанија, при што за првпат ќе бидат прикажани и Tiffany HardWear парчињата, меѓу кои ѓердани, прстени, обетк итн, кои ќе бидат ставени во продажба кон крајот на април, односно почетокот на мај.

 

Инаку, уште од самото откривање на тоа кој ќе биде годинашната ѕвезда, очекувањата за шоуто се големи. Гага ќе настапи на досега најголемата сцена на „Супер боул“, а во медиумите се шпекулира дека таа сака од врвот на стадионот да се спушти на сцената.

Исто така, познато е дека таа нема да има други гости со неа на сцената, што досега беше обичај.

-Ова го посакував уште од 4-годишна возраст, така што точно знам што ќе правам. За мене овде се работи за тоа да им донесам на обожавателите нешто одлично и да ги спојам со публиката, која инаку не би била дел од мојот настап – вели пејачката.

Инаку, против нејзиниот настап беше покрената и петиција, бидејќи дел од луѓето сметаа дека ќе биде досадно и несоодветно за еден ваков настан. Секако, петицијата не беше успешна.

-Работата овде е што се работи за многу голема сцена, на која се случувале разни шоу-а. Предизвикот е да се понуди нешто што досега не е изведувано. Затоа, уште на самиот почеток се прашав, што можам да направам поинаку, како можам да ги однесам работите на повисоко ниво, а да биде сè околу музиката? – изјави неодамна Гага за американските медиуми.

Околу нејзиниот настап постоеја и гласини дека ќе биде забранет, поради нејзината поддршка за Хилари Клинтон. Дури беше кажано дека во текот на шоуто таа не смее ништо да изјави за претседателот Трамп, секако во негативна конотација, што набргу беше демантирано.

Овие информации само потврдуваат дека нејзиниот настап се очекува со нетрпение и што навистина ќе се случува, останува да видиме на 5-ти февруари.

 

 А во продолжение погледнете кој сè настапуваше во минатото:

2016 (Super Bowl 50): Coldplay, Beyonce, Bruno Mars

2015: Katy Perry, Lenny Kravitz and Missy Elliott

2014: Bruno Mars, Red Hot Chili Peppers
2013: Beyonce
2012: Madonna
2011: The Black Eyed Peas, Usher, Slash

2010: The Who
2009: Bruce Springsteen and the E Street Band
2008: Tom Petty & The Heartbreakers
2007: Prince and the Florida A&M marching band
2006: The Rolling Stones
2005: Paul McCartney
2004: Janet Jackson, Kid Rock, P. Diddy, Nelly and Justin Timberlake
2003: Shania Twain, No Doubt and Sting
2002: U2

2001: "The Kings of Rock and Pop" featuring Aerosmith, 'N'Sync, Britney Spears, Mary J. Blige and Nelly
2000: "A Tapestry of Nations" featuring Phil Collins, Christina Aguilera, Enrique Iglesias, Toni Braxton and an 80-person choir

1999: "Celebration of Soul, Sаsa and Swing" featuring Stevie Wonder, Gloria Estefan, Big Bad Voodoo Daddy and tap dancer Savion Glover
1998: "A Tribute to Motown's 40th Anniversary" including Boyz II Men, Smokey Robinson, Queen Latifah, Martha Reeves and The Temptations
1997: "Blues Brothers Bash" featuring Dan Akroyd, John Goodman and James Belushi (also featuring "The Godfather of Soul" James Brown and ZZ Top)
1996: Diana Ross celebrating 30 years of the Super Bowl with special effects, pyrotechnics and stadium card stunt. Finale featured Diana Ross being taken from the stadium in a helicopter
1995: "Indiana Jones and the Temple of the Forbidden Eye" featuring Tony Bennett, Patti LaBelle, Arturo Sandoval, the Miami Sound Machine and stunts including fire and skydivers. Finale included audience participation with light sticks
1994: "Rockin' Country Sunday" featuring Clint Black, Tanya Tucker, Travis Tritt, Wynonna & Naomi Judd. Finale included flashlight stunt
1993: "Heal the World" featuring Michael Jackson and 3,500 local children. Finale included audience card stunt
1992: "Winter Magic" including a salute to the winter season and the winter Olympics featuring Gloria Estefan, Brian Boitano and Dorothy Hamill
1991: "A Small World Salute to 25 Years of the Super Bowl" featuring New Kids on the Block
1990: "Salute to New Orleans" and 40th Anniversary of Peanuts' characters, featuring trumpeter Pete Fountain, Doug Kershaw & Irma Thomas
1989: "Be Bop Bamboozled" featuring 3-D effects
1988: "Something Grand" featuring 88 grand pianos, the Rockettes and Chubby Checker
1987: "Salute to Hollywood's 100th Anniversary"
1986: "Beat of the Future"
1985: "A World of Children's Dreams"
1984: "Super Bowl XVIII's Salute to the Superstars of the Silver Screen"
1983: "KaleidoSUPERscope" (a kaleidoscope of color and sound)
1982: "A Salute to the 60s and Motown"
1981: "A Mardi Gras Festival"
1980: "A Salute to the Big Band Era" with Up with People
1979: "Super Bowl XIII Carnival" Salute to the Caribbean with Ken Hamilton and various Caribbean bands
1978: "From Paris to the Paris of America" with Tyler Apache Belles, Pete Fountain and Al Hirt
1977: "It's a Small World" including crowd participation for first time with spectators waving colored placards on cue
1976: "200 Years and Just a Baby" Tribute to America's Bicentennial
1975: "Tribute to Duke Ellington" with Mercer Ellington and Grambling State band
1974: "A Musical America" with University of Texas band
1973: "Happiness Is." with University of Michigan marching band and Woody Herman
1972: "Salute to Louis Armstrong" with Ella Fitzgerald, Carol Channing, Al Hirt and U.S. Marine Corps Drill Team
1971: Florida A&M band
1970: Carol Channing
1969: "America Thanks" with Florida A&M University band
1968: Grambling State band
1967: University of Arizona and Grambling State marching bands

 

Објавено:
1 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
151 пати