Летната колекција чевли на SOLO со 50% попуст – љубов на прв чекор!

27 август 2018

Еден пар чевли може да ви го промени животот...

Префинет дизајн, квалитетна изработка и љубов на прв чекор – е сублиматот на приказната со долгогодишна традиција на една од најпознатите модни етикети за чевли, SOLO.

Сега овој познат бренд за чевли е поблиску и до своите купувачи во Скопје, благодарение на нивната неодамна отворена продавница Соло Н, во Трговскиот центар „Бисер" на првиот кат.

Нивната летна колекција во која ќе најдете богат избор на беспрекорни, тренди модели, сега е достапна со сезонски попуст дури до 50%!

Елегантната естетика е препознатливиот белег што ја чини основата на дизајнот на чевлите, изработени од висококвалитетни материјали што гарантираат удобен и софистициран чекор.

Во актуелната летна колекција застапени се модели со женствени високи потпетици, што доаѓаат во голем избор на бои и различни дезени и принтови, што ќе му дадат посебен печат на вашиот деловен аутфит или комбинација за некоја посебна прилика.

Тенденциите оваа сезона особено им отстапија простор на чевлите на платформи или оние на ниска и дебела потпетици, па токму таквите модели во летната колекција на Соло Н, се застапени во шриока палета на модели. Балетанки на врзување, сандали со тенки ременчиња околу глужд, како и ултра популарните „kitten heels" се меѓу нашите фаворити!

А кои се Вашите?

 

Спонзорирана објава

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
766 пати