Лежерни викенд комбинации

6 април 2017

За викендот што ни претстои, одморете од високите потпетици и уживајте во опуштен и лежерен стајлинг. Истото се однесува и на косата и шминката. Задржете го природниот изглед, одморете го лицето од мејк ап, облечете ги омилените патики и излезете во природа.

Во овој контекст на лежерен викенд, одлично би се вклопиле и џинсот со висок струк, обичните маички во пруги или со натпис, кошула-фустаните, широките панталони или здолништата во лелеав крој.

Од модните додатоци одберете задолжително очила за сонце, шешир и ранче во кое ќе ги соберете сите неопходни „дребулии" додека сте неколку часа во природа.

Во галеријата во продолжение ќе најдете неколку инспиративни примери.

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.766 пати