Лолита - наследничката на Наоми Кембел

25 февруари 2017

Потенцирањето на различноста, особено во модната индустрија е тренд кој сè повеќе се интензивира. Во тој контекст, веројатно деновиве низ социјалните мрежи сте се сретнале со „црната“ убавица Лолита Макуеј.

Оваа млада девојка е Афроамериканка, со неверојатни црти на лицето и прекрасни светли очи.

Поради тој микс на изразено темна кожа и совршена убавина, пријателите ја нарекуваат „Црната Барбика“, а на Интернет стана и вирален хит како „Црната Хана Монтана“.

Во јавноста се познати многу малку податоци за неа – околу возраста, потеклото... Освен нејзината убавина, медиумите пренесоа дека веќе се занимава со моделство. Нас пак, нè потсетува на Наоми Кембел.

Наоми Кембел

Лолита

Егзотичната убавина што ја поседува, веројатно ќе ја вивне во модната индустрија. Веуваме дека големите и вистински соработки допрва ќе дојдат.

Во продолжение погледнете за што зборуваме:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
850 пати