Луда забава за четвртиот роденден на Групер!

3 февруари 2015

Онлајн платформата за групно купување и е-трговија Групер, изминатава сабота го прослави својот четврти роденден со голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1.000 гости.

Забавата се одржа во центарот City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители. Во роденденски дух, беа доделени 400 вредни подароци на присутните.

10423671_816888791702464_5195784189870262193_n

Настанот го отвори водителот Жарко Димитриоски, а гостите се забавуваа со музиката на Тумбао Салса Бенд, кои приредија одлична журка.

За позитивната атмосфера придонесе и славеникот Групко – маскотата на брендот,кој беше во постојана интеракција со гостите преку танцување и фотографирање.

На полноќ се одржа и извлекување на највредните подароци за што се емитуваше и live streaming на видео бимовите од извлечените бројчиња.

10436201_816888001702543_2013937590784559600_n

Објавено:
3 февруари 2015
Категорија: 
Актуел