Лудус ја претстави новата колекција преку инсталација на „Ин ситу“

3 јули 2019

Во четвртокот на 27. јуни, на отворањето на саемот за уметност Ин ситу, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, по покана на организаторите, Лудус ја претстави последната колекција насловена како „Пост родовост - поглавје I".

За публиката на настанот тимот на Лудус подготви привремена модна инсталција, што вклучуваше презентација на парчињата на манекени, соработници на модната етикета. Стајлингот за овој проект го сработи Ивана Секулоска, а модели беа Стефан Китановиќ, Висар Мехмеди, Христијан Петрески, Лина Дамјан и Сара Тишјак.

Идејата за општество сместено во иднината каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за колекцијата насловена како „Пост-родовост - Поглавје I". Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
223 пати