Мадона пристигна во Тел Авив!

15 мај 2019

Музичката икона Мадона пристигна во Израел рано утринава, но сè уште не е дефинитивно дали ќе пее на финалето на Евровизија како што беше најавено.

yair_sagi

The Times of Israel пишува дека наскоро се очекува таа да потпише официјален договор со организаторите на Евровизија со што и би се потврдил нејзиниот настап.

Таа пристигнала на аеродромот Ben Gurion со приватен авион, целосно маскирана и заштитена од очите на папараците, по што се упатила кон нејзиниот хотел каде го најмила целиот петти кат.

Пред некој ден, таа изјави дека е решена да настапи на финалето на Евровизија иако имаше најави дека група луѓе ќе го бојкотира нејзиниот настап.

„Никогаш нема да престанам да пеам бидејќи тоа одговара на нечија политичка агенда, ниту пак ќе престанам да говорам за кршењето на човековите права било каде во светот“, изјави Мадона за американските медиуми.

Инфо: The Times of Israel

Објавено:
15 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.097 пати