MAGNIFLEX ни објаснува за влијанието на душекот врз нашето здравје

17 јули 2018

Безброј непреспани ноќи, препотувања, будење наутро исцрпени и изнемоштени, болки во грбот? На сите нас добро ни е познато ова чувство, но дали сте знаетле дека причината за ова може да е вашиот душек? Знаете ли дека спиењето на квалитетен душек, во голема мера може да ви помогне во ублажувањето на овие проблеми и да ве потсети како е да се чувствувате одморени следниот ден?

Пред само две недели одекна вест во медиумите за познатиот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело Виеира, кој за време на утакмицата против Србија на Светското Првенство, мораше да излезе од игра поради силни болки во грбот. Причината, како што кажа неговиот доктор, била неквалитетниот душек во хотелот во кој спиел ноќта пред натпреварот. И покрај силните припреми и тренинзи, еден од најдобрите фудбалери во светот не можеше да одигра цела утакмица само поради една вечер преспана на неквалитетен душек. Душекот има голема улога врз вашата психофизичка состојба и енергија во текот на денот, а фактот дека поминуваме една третина од животот на нашиот душек е причина плус за да размислите за тоа на каков душек ќе преспивате. Сепак, инвестирањето во квалитетен систем за спиење е всушност инвестиција во вашето здравје!

Magniflex, како едни од најквалитетните душеци во светот, насочени кон здравиот и квалитетен сон, следејќи ги најновите истражувања и во соработка со врвни професори од Универзитетот во Сарагоса, воведоа нови технологии и компоненти во своите системи за спиење (душеци и перници).

Овие нови компоненти, ги следат последните светски трендови кои диктираат системите за спиење без исклучок, да третираат три сегменти од Здравиот сон. Истите се базирани врз многубројните истражувања во светот, кои покажуваат дека за да се постигнат идеални услови за спиење и непречени фази на сонот, потребно е душекот да обезбеди пред се правилна положба на вашето тело, кое треба да е ослободено од притисокот на потисните точки и да ја одржува природната телесна температура за време на спиењето.

Следствено на ова идеалниот систем за спиење Magniflex е изработен од три компоненти во душекот, како и перница.

Првата е секако ортопедскиот дел од душекот или популарното срце на душекот, кое се наоѓа во сите модели на душеци без исклучок. Истиот, во системите за спиење на Magniflex, е изработен од последна генерација на HR полиуретанска пена, која во зависност од вашата тежина може да е тврда или полутврда. Оваа технологија, не дозволува искривување на вашиот рбет, одржувајќи го вашето тело во т.н. нулта природна позиција. Крајниот ефект, овозможува непречено одвивање на фазите од сонот без да предизвикува болки во половината и грбот, од искривувања и потиснати нервни завршетоци.

Втората компонента во системите за спиење е делот кој го обезбедува комфорот на душекот. Овој сегмент од душекот кој секогаш се аплицира директно врз ортопедскиот дел или е вграден во навлаката, ја гарантира т.н. Turnless технологија. Ова значи дека обезбедува помал број на вртење на вашето тело додека спиете, и тоа преку обезбедување на поголема циркулација на крвта во потисните точки од вашата тежина, кои се сконцентрирани во три зони на вашето тело, рамениците, карлицата и зглобовите на нозете. Овој слој е најчесто изработен од тајната компонента на Magniflex, единствената и патентирана Memoform мемориска пена. Истата е најголемата причина зошто душеците на Magniflex, рапидно се искачија на врвот од светскиот пазар, освојувајќи дури 90 земји каде се продаваат. Покрај оваа технологија, италијанскиот супер бренд во последната деценија разви повеќе нови технологии, кои обезбедуваат луксузен комфор во системите за спиење. Во зависност од желбите на клиентите но и нивната тежина, Magniflex нуди 4 нивоа на комфорот и тоа од супер мек, мек, среден и тврд. Покрај Memoform мемориската пена, вреди да се спомнат и Magnigel технологијата која разладува за време на топлите ноќи, Malva технологијата која има смирувачки ефект врз нервниот систем, како и Geomemory најновата еко мемориска пена.

Третата компонента или прекривката на душеците, посебно го издвојува Magniflex од својата конкуренција на светскиот пазар. Имено, станува збор за технологијата на изработка на ткаенините од прекривката, со која се оформуваат најсовремените системи за спиење. Истата има големо влијание во термо регулативните карактеристики на душекот, иако за време на спиењето се наоѓа под постелнината. Magniflex нуди широк избор на прекривки и преку најквалитетни природни материјали, изработени по софистицирана технологија, ви ги овозможува идеалните услови за Здрав сон. Во исто време прекривките ги поседуваат најстрогите светски сертификати за текстил на OEKO-TEX, со кој се гарантира и анти-бактериско и анти-алергично својство на прекривката. Кај полуксузните модели на душеци, прекривката се вади и може да се чисти со суво хемиско перење, со што се одржува нивната беспрекорна хигиена, долгорочно за време на користењето на душекот.

Покрај овие три компоненти сепак не треба да се заборави и четвртата, која игра голема улога во идеалниот систем за спиење. Станува збор за перниците, за кои Magniflex посветува огромно внимание. Токму затоа истите се изработени во повеќе технологии, форми и големини за да можат во зависност од избраниот душек, но и карактеристиките на вашиот врат, да го комплетираат системот за спиење. При изборот на перницата секогаш имајте го во предвид комфорот на вашиот душек и формата на истиот при вашето спиење. По оваа логика доколку имате мек душек препорачано е да имате ниска перница со помал отпор, како нема да дојде до големо искривување на вратот. Од вашата омилена положба на спиење (страна, грб или стомак) зависи и формата на перницата. Оваа компонента е најчесто потценета при изборот на нов систем за спиење и клиентите не ретко се одлучуваат да ја задржат старата перница, поради навика. Токму поради тоа и специјалната презентација во салоните на Magniflex посветува посебно внимание, со цел да се едуцираат клиентите, за да научат дека перницата не само што има големо влијание во идеалниот систем за спиење, туку треба да е и компатибилна со душекот. Во нашиот тим имаме и физиотерапевт, стручно лице кое ќе ви помогне при изборот на идеалниот систем за спиење за Вас.

Главниот застапник на италијанскиот Magniflex во Македонија и Србија, компанијата IDream Concept, ве повикува во салонот за Здрав сон на ул. Илинденска, наспроти Фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде преку професионална презентација ќе ви бидат претставени најновите системи за спиење. Покрај веќе споменатите карактеристики на новата колекција, новитет се и по достапните цени во Класичната линија на душеци и перници, и тоа по барање на нашите клиенти. Било да е нов дом, промена на постоечкиот застарен душек, пратење на новите технологии или само љубопитност и желба за знаење, посетата на салонот за Здрав сон на Magniflex е задолжителна. Повелете!

Спонзорирана објава

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
439 пати