Мајкл Корс го купи Версаче за две милијарди долари

25 септември 2018

Ако вчера во сите медиуми се шпекулираше дека Мајкл Корс го купи Версаче, денеска и официјално е потврдено.

Според официјалните информации, продажбата изнесувала некаде околу 2,12 милјарди долари, а во изјава за медиумите Донатела Версаче посочила дека ова е многу возбудлив момент за брендот.

Фото: La Stampa

„Поминаа 20 години откако ја преземав компанијата заедно со мојот брат Санто и ќерката Алегра. Горда сум што Версаче остана силен и во модата и културата. Версаче не е синоним само за непогрешлив стил, туку е познат и по тоа што секогаш ги охрабрува луѓето да се изразат себеси и да ги прифатат различностите. Санто, Алегра и јас знаеме дека со овој чекор, Версаче ќе го искористи целосно својот потенцијал“, изјави Донатела.

Фото: WMBF

Според информациите, семејството Версаче ќе остане во компанијата, а Донатела и понатаму ќе се грижи за колекциите на брендот.

Фото: Vanity Fair

Инаку, Холдингот Капри, новото име на Мајкл Корс Холдингот, минатата година го купи и брендот Џими Чу за 1, 2 милијарди долари.

Извор: Vogue

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.398 пати