Мајкл Корс го купува Џими Чу

26 јули 2017

Компанијата Мајкл Корс Холдинг ја купува компанијата Џими Чу за 1,2 милијарди американски долари. Оваа денеска е централната вест во модните медиуми, за која први известија Business of Fashion.

Со овој потег Мајкл Корс ќе стане сопственик на брендот што ги потпишува легендарните чанти и чевли што се прославија во серијата „Сексот и градот".

Фото: GQ

Се шпекулира дека Корс морало да се одлучи на ваков чекор бидејќи неговата најголема конкуренција во САД, Coach, оваа година ја купија компанијата Кејт Спејд, која исто така е позната по дизајнирањето модни додатоци.

За фановите на Џими Чу, ова нема да значи никаква промена, бидејќи Корс ќе го задржи комплетниот дизајнерски тим на чело со Пјер Денис.

 

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
266 пати