Мајкл Корс се откажува од природното крзно!

19 декември 2017

Познатиот американски дизајнер Мајкл Корс се придружи на сѐ подолгата листа на дизајнери што се откажуваат од имплементација на природното крзно во нивниот дизајн.

Овој позитивен тренд добива сѐ поголема актуелност и опфаќа сѐ поширок круг на познати имиња во модната индустрија.

Во официјално соопштение на групацијата Michael Kors Holdings Limited, објавено на 15-ти декември се вели дека брендовите што спаѓаат во оваа групација, целосно ќе го исклучат природното крзно од употреба до декември 2018 година.

„Задоволен сум што може да ја најавам одлуката на нашата компанија дека повеќе нема да користи животинско крзно во колекциите на нашите брендови Мајкл Корс и Џими Чу", вели Џон Ајдол, главен извршен директор на компанијата и додава дека оваа одлука означува ново поглавје во нивната работа која ќе продолжи да напредува во користењето на нови иновативни материјали.

 

Објавено:
19 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
371 пати