Македонија ќе го добие првиот „Центар за лица со Даунов синдром“

21 март 2019

Во „Детскиот културен центар“ во Карпош денеска се одржа манифестиација по повод денешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром.

Она што е од посебна важност, а беше најавено од здружението „Трисомија 21“, е дека се подготвува првиот „Центар за лица со Даунов синдром“ во Македонија. Со официјални детали ќе се излезе наскоро, со што јавноста ќе биде информирана за каков точно центар и активности се работи.

Покрај оваа важна информација, присутните можеа да уживаат и во настапот на успешните танчери од инклунзивната група од танцовото студио „Dancers United“ кои на песната „Македонско девојче“ изиграа оро и ги расположија сите присутни.

Потоа се претставија со уште една танцова точка, а на сцената се појави и Александар Митевски, кој ја испеа песната „Подај рака“.

Со својата поезија, настанот го збогатија и Снежана Матовска со нејзиниот син Александар Матовски Цако, праќајќи порака дека сите сме еднакви и вредни да постоиме.

На крајот од средбата, присутните уживаа во нумерата на Митевски, кој овој пат беше придружуван од танчерите од „Dancers United“, а нивниот настап придонесе сите да заминат со насмеани лица.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата.

Објавено:
21 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
584 пати