Македонска претставничка на Европскиот избор за „Мис и Мистер на глувиот свет“

18 јули 2013

Катерина Георгиева е девојката од Македонија што се претстави на европскиот избор за мис и мистер на глувонеми кандидати. Изборот  е единствен од ваков карактер, кој оваа година се одржа во Прага,Чешка. Овој глобален натпревар е традиционален и се одржува од 2001 година. Оваа 2013 година победничката титула ја носи девојката Тшаиси Пајо од Бразил, додека за Мистер е прогласен францускиот кандидат. Иако не освои награда нашата претставничка Катерина блесна во одлично светло во нежно розова тоалета дизајнирана од модната куќа „Елена Лука“.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Актуел