Македонски мини модели на избор во Русија

27 декември 2016

Македонија за прв пат ќе се најде на меѓународниот фестивал на мода и талент во Москва  „Princ & Princess of the Universe 2017“ во организација на Art -Fashion Company –Moscow.

На 4-ти Јануари 2017 година во главниот град Москва, заминуваат слатките мали модели Алек Роберт и Ива Каранфиловска, модели кои се единствени учесници од Македонија.

Алек Роберт (9 години), веќе познат убавец кој има освоено повеќе титули помеѓу кои и последната „Princ of the World 2016“ како и златен медал за уникатна креација, дело на дизајнерката Ивана Каран.

Девојчето кое ќе ги брани боите на нашата земја е црнокосата убавица Ива Каранфиловска (6 години) која неодамна заедно со Алек Роберт беше брилијантна во креациите на Ивана Каран на последната нејзина ревија.

Инаку дизајнерката воедно ја имаше таа привилегија да изработи неколку креации за Ивана Караџова која преку Моделс ИН беше дел од престижниот Look of the Year 2016 каде блесна на сцената во Сицилија.

Благодарение на одличната соработка на мајката на Алек Роберт со АРТ Компанија -Нови Ѕвезди, Македонија доби почесна покана и право на учество на еден од најдобрите избори за деца во светот на модата.

Талентираните и малечки модели Алек и Ива кои се единствени од Македонија, на овој прекрасен избор повторно носат креации од Ивана Каран кои несомнено ќе бидат единствени и уникатни.

Македонија има можност да ги подржи малите таленти со својот глас на следната страна.

 

Објавено:
27 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
310 пати