Македонски модели дел од светски кампањи

27 август 2018

Сите сакаме да гледаме убави и впечатливи модели во модните рекламни кампањи кои нè опкружуваат. Секој посакува да биде главен лик на постерите и билбордите, па токму затоа секој модел сонува да биде ангажиран за добра модна кампања.

За некои од нашите модели тоа се веќе остварени желби или барем за оние кои веќе се етаблираа како професионални модели со интернационална кариера.

Нашиот топ модел Елена Реи во моментов е актуелна со кампањата за CERRUTI 1881 и може да ја видиме во сите главни европски центри. Покрај тоа, нејзиниот лик преку кампањата за накит BELPEARL, ги красеше саемите во Копенхаген, Мјанмар и Џакарта.

 

Јована Нешова, исто така, интернационален модел веќе три години, неодамна беше во центарот на вниманието со кампањата за козметичката куќа BLEUNUIТ, па така ги разубавуваше центарот на Шангај и Пекинг. 

 

Машкиот интернационален модел кој има привилегија да им прави друштво на двете дами е Павле Николовски, кој пред само два месеца беше заштитно лица на брендот BARBOSA. Неговиот впечатлив лик го преплави Балканот.

 

На сите споменати модели, матична агенција е агенцијата „Моделс ИН“ од Скопје, па токму затоа нивниот менаџер и букер, Алек Наумовски ќе рече:

„Јас сум повеќе од среќен и нескромно горд на нив, нивниот успех е порака дека сме на вистинскиот пат да работиме уште повеќе, за да ги гледаме и во иднина нашите топ модели насекаде низ светот. Нивниот успех секако се запишува во историјата на македонската мода“.

 

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
699 пати